На интеркултуралната вечер беа читани дела на еден од основоположниците на современата Македонска литература, Кочо Раци.
Пред малкубројната но одбран публика, Ивана Стоилова, на Македонски и Орце Китанов, на германски, пренесија еден дел од големото творештво на Кочо Рацин.
Вечерта беше подпомогната од Организацијата на жените од Македонија во Швајцарија (ОЖМ-Ш),
Кочо Рацин (Koста Апостолов Солев)
Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943
Неговот детство ја запознало уште рано сиромаштијата и сето она што ја придружува на нејзиниот безмилосен пат. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи којзнае какво школско образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Кочо можел да добие одвај еден клас нижа гимназија и веќе на својата тринаесета година бил присилен да му се посвети сосема на татковиот занает.
Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, философски списи,литературна критика и есеи. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со својата мала стихозбирката „Бели мугри“, објавена во Загреб,1939 но и во останатите области дава важни придонеси, кои главно се во сенка на неговото поетско творештво.
Денови
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени
така на плешки денови
легнале та натежале.
Денови ли се - денови
аргатски маки големи!
Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна
наутро радост понеси
навечер тага донеси
Ај, пусти да е, пуст да би
останал живот кучешки!
Роди се човек - роб биди
роди се човек - скот умри
скотски цел живот работи
за други, туѓи имоти.
За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!
За себе само 'ргај си
за себе маки тргај си
нижи си ѓердан денови
нижи си алки ковани,
нижи си синџир железен
околу вратот навезен!