
Цирих, Хотинген, есен 2008,
по втор пат имам можност да изложам некоја од моите фотографии. Јас вторпат, а има луѓе кои веќе повеќе од десет години го прават тоа. И ако вторпат, се осеќам како да од секогаш сум бил меѓу овие “уметници – аматери“. Атмосферата во огромната сала на изложбата е полна со понос, надеж и мечтаења. Никаде штрес, немир, луѓето приоѓаат едни кон други, пријателски, со насмевка на лицето. Во безбројните дела на тие “уметници-аматери“ барам траги на аматеризам …
!?!? уметност. По кој знае кој пат се прашувам зошто нема формула за пресметување на уметноста. По кој знае кој пат се прашувам зошто линиите кои ги правел Пикасо се уметност, а овие дела во кои гледам прозор кон душата на тие “уметници-аматери“ треба да се аматеризам – ама поминувачка нека има.
И така тука, помеѓу тие “уметници-аматери“, поминувам убави моменти и запознавам луѓе со кои можам да разменам неколку реченици, море и да направам разговор без да се спомне “ЕУ и НАТО“. Запознавам луѓе од кои можам да научам нешто повеќе за моето хоби – фотографијата. И поминувам моменти далеку од моето секојдневие. И среќен сум што сум дел на сето ова.
А тука не е се во фотографиите и во сликите на нас “уметници-аматери“, тука човек може да најде и по некој специјалитет од кујните на народите од просторите на поранешна Југославија, или да слушне по некоја мелодија која те враќа во едно друго време, на едно друго место…

|



|